
Бившиот државен секретар Хилари Клинтон, која се посочува како нов кандидат за претседател на изборите во 2016 година, ја добила и првата официјална подршка за кадидатура од партиските колеги и сенаторот на Њујорк, Чарлс Шумен.
Шумер деновиве во говорот одржан пред демократите во Ајова ја подржал кандидатурата на Хилари Клинтон, што е знак дека партијата застанува зад некогашната прва дама на САД.
Медиумите оценуваат дека не изненадува фактот што Шумер ја подржува кандидатурата на Клинтон, што пак е јасен знак дека врвот на партијата сака таа да влезе во изборната трка за следните претседателски избори.