Надарени плавуши го нападнале Ѓоковиќ во Аргентина!
24 ноември, 20130
Вистинско лудило за Ѓоковиќ владее во Аргентина. Многу новинарски екипи го чекале на аеродром вториот најдобар тенисер на светот, а најмногу среќа имала новинарката Мартина Сото, која успеала да направи интервју со Новак, преку оградата, со која фановите и претставниците на медиумите биле одвоени од Новак.
Новак најпосле добил знаме на Аргентина и очила кои упорната репортерка ги префрлила преку жица, а таа за возврат добила автограм.
Колку голема е популарноста на српскиот репрезентативец во јужноамериканската земја зборува и податокот што на Твитер е отворена аргентинска фан страна за Новак.