
Пред точно 60 години, во декември 1953 година, тогаш младиот Хју Хефнер го објавил првото издание на Плејбој, а само три месеци подоцна ја добил првата нарачка – 50 000 примероци.
За објавување на првото издание биле потребни 7600 долари, а Хефнер парите ги позајмил од пријатели, семејството и инвеститори кои верувале во него.
На првата насловна се појавила Мерилин Монро, која тогаш била најголемата ѕвезда во САД.
“Пред 60 години го создадов Плејбој, а целта беше да предизвика културна реформа во Америка. Се гордеам со она што го постигнав“ – изјавил Хефнер.
Сепак Плејбој често пати бил критикуван, а за да ви биде појасно зошто, ви ги претставуваме најконтроверзните насловни страници.