
По повод Фестивалот на светлината во Лион, Франција, тунелот на Црвениот крст е претворен во надреална преубава светлечка инсталација. Овие светлосни проекции го претвориле тунелот долг 1,8 километри во преубава магична галерија.
Од организацијата изјавиле дека ова за прв пат се случува во Европа – иновативна креација целосно да ја видоизмени класичната функција на тунелот. Илузионистите го претставиле перформансот “Анаморфозис“ преку видео клипови проектирани во внатрешноста на тунелот, а настанот бил достапен за сите оние кои посакале да уживаат во овој спектакл.
Идејата била проекцијата да биде толку реална со цел посетителите да немаат чувство дека се наоѓаат во затворен простор и дека реално се наоѓаат на местата прикажани по ѕидовите.

