Најмладиот платен убиец (13) ликвидиран од својот нарко картел

4 март, 20130
1

Хосе Армандо Морено (13)  еден од најмладите егзекутери кој потекнува од мексиканскиот нарко картел „Зете“ пронајден е во четвртокот заедно со уште 6 души во Закатекас, Мексико, мртов.

Властите соопштиле дека телото на момчето е пронајдено заедно со телата на уште 4 жени и еден маж покрај автопатот и сите биле егзекутирани на свиреп начин.

Според обдукцијата очигледни биле знаци на мачење, а сите биле ликвидирани со по еден куршум во глава. Се верува дека меѓу жртвите е и мајката на 13 годишното момче.

Хосе Армандо Морена е најмладиот егзекутор кој произлегува од редовите на нарко картелот кој бил уапсен 3 фебруари оваа година. Момчето на сослушувањето признло дека учествувал во најмалку 10 убиства и дека тој лично ликвидирал тројца од нив со огнено оружје од висок калибар.

Полицијата била принудена да го ослободи бидејќи законот не дозволува притвор ни поправна установа за деца помали од 14 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi