Доколку сте гурман, а немате желба за готвење, ниту време да одите во својот омилен скап ресторан, сега постои готово јадење кое ќе ги задоволи и најсложените вкусови.
Познатиот британски готвач Чарли Бигам направил најликсузен оброк за двајца, кој можете да се набави во супермаркет. Ако сте подготвени да издвоите 314 фунти, може да добиете комбинација од најдобриот лосос во шампањ и кавијар белуга, со додаток на остриги, јастог и трифли, посеан со трошки од 24 – каратно злато.
Наместо алуминиумско пакување, заводливиот оброк наречен “Swish Pie” доаѓа во сад обвиен со златни листови.
-Сакавме да ја подобриме својата репутација како најдобар производител на готови јадења, така што во понудата ќе вклучиме навистина уникатно јадење во кое ќе уживаат и нашите најсложени клиенти – вели Чарли.
За подготвување на еден ваков оброк на тимот на Бигам им се неопходни околу три и пол часа. Купувачот може да го загрее во микробранова печка за помалку од триесет минути.
-Додека го развивав овој ексклузиве рецепт, патував низ светотво потрага по најдобрите и најквалитетните состојки. Финалниот производ е оброк во кој нашите клиенти ќе узживаат, изјавил овој храбар готвач, кој не се сомнева дека првата “Swish Pie” серија веднаш ќе се распродаде.