Високата надморска височина им помага на гојазните луѓе полесно да ослабнат, утврдија лекарите од Минхен.
Кога ќе се прејадете за време на празниците огромен број луѓе во овој период се здебелуваат по неколку килограми), експертите советуваат да поминете некое време на планина. Тим на лекари од Минхен, предводен од доктор Флоријан Липл, утврдиле дека високата надморска височина им помага на луѓето полесно да ослабнат.
Тимот на лекари проучувал како седумдневен одмор на планина висока 2 650 метри влијае врз личностите на возраст од околу 50 години. Освен фактот дека биле на планина, испитаниците не биле подложени на никаков посебен режим на исхрана и не било побарано од нив да вежбаат.
Иако не промениле ништо во начинот на живеење, научниците утврдиче дека по една недела сите испитаници по малку ослабнале, го намалиле внесот на храна и имале понизок крвен притисок. Тие ефекти траеле дури месец дена откако испитаниците се вратиле дома.
Според експертите, тајната е во концентрацијата на кислородот, која на високите надморски височини е навистина висока. Кислородот го поттикнува лачењето на хормонот лептин кој го намалува апетитот и кој го произведува масното ткиво.