Британецот Кени Вилман шетал по плажа со своето куче, но пронашол нешто што му го сменило животот.
Вилман нашол камен со чуден изглед, но се испоставило дека на каменот има сперма од кит која вреди неверојатни 180.000 долари и се користи за правење парфеми.
-Не знаев што најдов, но имаше специфичен грд мирис, па ме заинтересира. Се вратив дури откако на интернет прочитав за што станува збор – рекол Британецот.
Жолтеникавиот камен има чуден мирис и е познат под името сив килибар или амбергрис. Тој се користи за производство на парфеми.