Наследничката на Формула 1 се мажи за дилер?
20 февруари, 20130
Тамара Еклестон, наследничката на империјата Формула 1 се верила за дилер на кокаин?!
Нејзиниот вереник Џејмс Ратленд (31), кој ја запроси во Дубаи има забрана да работи како брокер во Лондон бидејќи е уапсен на дело како продава кокаин.
Меѓутоа Тамара е свесна за неговите грешки од младоста и верува дека тој ќе се промени и дека сите ние заслужуваме втора шанса.
„Таа само сака да биде заљубена, сака да биде среќна и верува дека луѓето заслужуваат втора шанса“, вели извор близок на Тамара.
Тамара Еклестон и Џејмс Ратленд се верија седум месеци после раскинувањето со бизнисменот Омар Киами бидејќи се појави во јавноста негово секс видео.