
Во близина на Исланд во 2006 година е најдена школка која научниците во согласност со стандардната процедура ја ставиле во мраз пред да почнат да ја анализираат, без да знаат дека токму со таа постапка го убиле најстарото животно на земјата.
Првичниот заклучок пред деталните анализи бил дека школката е стара околу 400 години. Меѓутоа после истражувањето спроведено во универзитетот Бангор научниците утврдиле дека школката е родена 1499 година и дека во моментот кога ја нашле имала 507 години.
Школката била наречена Минг бидејќи е родена во времето кога владеела оваа кинеска династија, што било неколку години откако Колумбо ја открил Америка.
Животниот век на школката се пресметува според бројот на прстени кои се зголемуваат секоја година поради што било тешко прецизно да се одреди староста бидејќи прстените биле прилично густи.
Научниците веруваат дека тајната на вака долгиот животен век се крие во бавниот метаболизам, но нема овде да застанат и ќе продолжат со деталните анализи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3v8l-y332pw