Рајот на земјата: Град каде платата е 1200 евра, кирија 15 евра, а криминал нема!

18 ноември, 20130
10

Мариналеда е град во Андалузија во јужниот дел од Шпанија на површина од 25 километри квадратни со 2700 жители.

Жителите на Мариналеда не се плашат гласно да ги изразат своите политички убедувања. Наместо сјајни реклами и брендови – ќе видите улична уметност под формата на графити и мурали со пораки за подршка на земјите како Куба и Венецуела. Улиците се крстени по славните борци за човекови права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека останатиот дел од Шпанија се бори со домашната олигархија и странските банки кои ја превземаат земјата, одлуките во ова гратче се носат дирекно по демократски пат на неделните состаноци каде обично присуствуваат околу 300 до 400 души. Додека невработеноста во Шпанија е 27%, во Мариналеда речиси сите се вработени.

Просечната месечна плата за вработените изнесува околу 1200 евра месечно. Можеби не ви изгледа многу, но кога ќе се земе во предвид цената за кирија која изнесува само 15 евра месечно, јасно е дека со таква плата може сосема пристојно да се живее.

Жителите на овој град имаат и бесплатен интернет пристап. Фасцинантна е и спортската содржина во овој град со едвај 2000 жители – два фудбалски терени, кошаркарски терен, терен за тенис, сквош и одбојка, базен. Сите тие се бесплатни на располагање на жителите.

Во овј град луѓето сами си градат куќи. Жителите од локалната власт добиваат материјал потребен за градењето на куќата, а откако ќе се изгради, се плаќаат 15 евра месечно на истата локална власт за да се рефудираат трошоците.

И секако, бидејќи сите не знаат да градат куќа, власта испраќа професионални мајстори и архитекти за да им помогнат при изградбата. Еднаш месечно се одржува така наречената “црвена седмица“ каде граѓаните можат да ги изнесат своите идеи за тоа како градот да стане уште подобар. Полиција овде не постои.

Според шпанскиот закон ние би требало според бројот на жители да имаме од 4 до 7 полицајци. Но ние не ги сакаме овде. Бидејќи се овде е доброволно, сите заедно сами ги кроиме нашите животи и постои голем степен на коегзистенција – објаснува градоначалникот.

Foto: flickr/Anikaviro

Foto: projectcaravan.eu

Foto: projectcaravan.eu

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi