Британката Софија Брич (21) боледува од генофобија, односно има страв од сексуални односи. Девојката со оваа болест се бори веќе три години, а поради стравот од секс ја оставил и дечкото.
– Пред три години си лежевме со дечкото во кревет и си помислив: Јас ова нема да можам да го сторам! – вели девојката која до таа ноќ имала редовни сексуални односи.
– – Од самата помисла да имам секс ми се гади. Ми се повраќа кога ќе видам секс сцена – вели Софија.
Девојката раскажува дека поради нејзината фобија минатата година ја откачил дечкото бидејќи 2 години немале секс.
Експертите велат дека оваа фобија може да биде последица од злоставување во детството но и да се појави без никаква причина, како што е случајот со Софија.