
Секој на планетата има свој двојник! Потврда за оваа теорија дава канадскиот фотограф Франсоа Брунел, кој успеал да најде луѓе кои личат како да се близнаци, а немаат крвно сродство.
Брунел решил да најде 200 двојници ширум светот. Според неговите зборови, целта на акцијата не е да пронајде луѓе кои личат на познатите ѕвезди.
“Мојата идеја беше да најдам две личности, кои немаат роднинска врска, кои најчесто се родени во различни држави, а кои личат како да се близнаци“ – вели фотографот кој нагласил дека е фасциниран од оваа појава.
Погледнете ги неговите резултати:


