Исклучете го мобилниот во ресторан и добивате дупло поефтина вечера

25 ноември, 20130
2

Сопственикот на ресторан во Ерусалим, Џавдат Ибрахим решил да ги спречи муштериите за време на вечера да не зјапаат постојано во своите мобилни уреди, а наместо тоа да разговараат со луѓето со кои излегле да вечераат.

Поточно, сопственикот им ветил на сите кои ќе го посетат неговиот ресторан вечера на пола цена, доколку ги исклучат своите мобилни уреди.

Ибрахим изјавил дека нема ништо против технологијата, но дека му здосадило постојано да ја подгрева храната на муштериите кои не стигнале да јадат бидејќи биле презафатени со своите телефони.

Foto: AP/Tanjug

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *