Неодолив чоколаден ролат со капучино крем и банани

16 ноември, 20130
12

Состојки:

Тесто:

3 јајца

3 лажици минерална вода

11 дкг шеќер

6 дкг брашно

5 дкг густин

1 1/2 лажици какао

1 лажичка прашок за пециво

крем:

8 листови желатин

7 дл слатка павлака

6 дкг шеќер

1 пакетче ванилин шеќер

4 лажици капучино во прав

4 банани

2-3 лажици сок од лимон

Рерната се загрева на 200 степени. Садот за печење, 30х37 см се подмачкува, а дното се покрива со хартија за печење.

тесто: Белките одвојте ги од жолчките. Белките се матат со малку сол и минерална вода да се добие цврст снег. Потоа внимателно се додава шеќер и се меша постојано. Жолчките една по една се додаваат во снегот од белки.

Брашното, густинот, прашокот за печење и какаото се мешаат. Оваа мешавина се додава во смесата со јајца и внимателно се заедно се меша. Исипете ја содржината во садот за печење. Се пече во загреана рерна 12 минути. Печената кора се вади од рерна и заедно со хартијата ставете ја да се олади.

Крем:

Во еден сад додадете студена вода и ставете околу два грста мраз. Слатката павлака со малку солставете ја во друг сад и тој сад ставете го во садот со мраз. Од павлаката направете шлаг на кој при крај постепено се додава шеќер, ванилин шеќер, капучино во прав.

Листовите желатин се омекнуваат во ладна вода па на шпорет на слаб оган се меша додека се стопи. На желатинот се додаваат 3 лажици капучино крем, се меша добро, а потоа се додава во кремот мешајќи постојано.

Бананите се лупат и се поливаат со сок од лимон за да не потемнат. Со половина од кремот се премачкува кората. Во должина се става по еден ред банани.

Завиткајте го ролатот. Со остатокот од кремот премачкајте го ролатот од сите страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *