Приказна за таткото и синот која никого не оставила равнодушен

16 ноември, 20130
11

Едно момче било при крај со студиите. Неколку месеци се воодушевувал од еден спортски автомобил, а знаејќи дека неговиот татко тоа може да си го дозволи, бидејќи бил богат човек, му објаснил на татка си дека овој подарок го сака за дипломската.

Како што деновите поминувале, момчето внимателно набљудувало во надеж дека ќе забележи некој знак, кој упатува на тоа дека татко му го купил автомобилот. Конечно, на денот на дипломската, таткото го повикал во неговата работна соба. Му кажал дека е многу горд бидејќи има толку прекрасен син и му кажал дека многу го сака. Во тој момент му дал мала кутија. Љубопитниот син ја отворил кутијата, а во неа имало Библија со кожен повез и името на момчето испечатано со златна боја. Нервозен и разочаран синот почнал да вика: “Имаш толку многу пари, а ми подаруваш Библија?“, и истрчал низ вратата без да го земе подарокот.

Поминале многу години, а момчето станало успешен бизнисмен. Имал преубава куќа и прекрасно семејство, но сфатил дека неговиот татко е стар и помислил дека треба да го посети. Не го видел својот татко од денот на дипломската. Пред да успее да се организира за да го посети татка си, примил телеграма во која пишувало дека неговиот татко починал и дека му ги оставил сите свои пари.

Кога пристигнал во семејната куќа, тага и жал го преплавиле неговото срце. Почнал да ги прегледува важните документи кои ги оставил неговиот татко и така ја здогледал Библијата, иста каква што беше пред многу години. Со солзи во очите ја отворил Библјата и почнал да ги листа страниците. Како што листал, клуч од автомобил паднал од Библијата. Имало и картичка со датумот од дипломската под кој пишувало: Целосно исплатено! Ти ја заработи сам, ти си прекрасен син!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *