Ролс-Ројс, произведе елегантен, луксузен, динамичен, мистериозен автомобил инспириран од моделот од 1953 година.
Апсолутно прекрасен, оригинален “Round Door” Rolls-Royce Phantom Aerodynamic Coupe I, настанал во 1953 година од страна на Jonckheere Works во Белгија. Приказната за автомобилот е вистинска мистерија, бидејќи Втората светска војна целосно руинирала се, заедно со сите списи во врска со него. Она што останало се некои навистина инспиративни фотографии и многу прашања, вклучувајќи и “Кој го дизајнирал и кој го порачал?”
По речиси шест децении, Ролс Ројс го повикал дизајнерот Угур Сахин да смисли инспиративна, сосема нова верзија на овој прекрасен ‘Фантом’. Предизвикот бил прифатен и Сахин “создава” единствено возило чии форми представуваат комбинација на стари и нови влијанија на уметноста. Дизајнерот изјавил дека бил инспириран од зборот “почит” и успеал да го задржи оригиналниот шарм на автомобилот.
Наречен Rolls Royce Jonckheere Aerodynamic Coupe II, одново осмислен Фантом има редизајниран преден браник со интегрирани светла, помали задни перки, и многу други нови детали. Сите модификации се направени на начин кој не го пореметува ставот и оригиналните пропорции на оригиналниот Јonckheere Works Rolls-Royce.