Бројките се неверојатни – од 648 лица, кои во САД од 1995 до 2008 година починале од удар на гром, дури 82 отсто се мажи.
Статистиката научниците ја објаснуваат со неодговорното однесување на мажите. “Мажите различно се однесуваат за време на грмотевици од жените, и не се откажуваат од веќе започнатите активности, кои се многу ризични за такво време, како риболов, кампирање или играње голф“, рекол Џон Џенсениус, експерт за безбедност од американската Национална метеоролошка служба.
Питер Тод, бихејвиористички психолог од Универзитетот Индијана, смета дека се’ се сведува на базичните разлики меѓу половите – на жената и е приоритет репродуктивната улога и грижата за потомците, додека со мажите е поинаку.
“Зголемениот ризик од ударот од гром е поврзан со нивната потреба пред другите мажи и потенцијалните женски партнери да покажат дека не се плашат од тоа. Тоа особено се однесува за младите момчиња, кои со такво ризично однесување се претставуваат себеси како привлечни партнери за жените“, вели Тод.
Се до првиот удар од гром…