
Крајно насилна игра стана хит низ улиците на Америка, а целта на играта е да се нокаутира случаен минувач со еден удар. На Јутјуб има голем број клипови од безбедносни камери каде се гледа како млади луѓе, без причина, замавнуваат по случајните минувачи.
Поради оваа бизарна игра, наречена “Нокаут“ во САД најмалку тројца го изгубиле животот. Последниот смртен случај кој е последица од оваа брутална игра се случил во Њу Џерси. За смртта на Ралф Ерик Сантјаго се одговорни двајца тинејџери на возрастод 13 и 14 години.
Неодамна е притворен и еден 16 годишен тинејџер кој накаутирал девојка без причина, среде улица. Жртвата преживала и го идентификувала напаѓачот.
Полицијата утврдила дека се работи за Мајк Ајоад кој се бранел со зборовите дека девојката му упатила “непријателски поглед“ и дека затоа ја удрил.