Пророштвото на Викинзите: Крајот на светот ќе настапи за 99 дена?

16 ноември, 20130
3

Звукот на античкиот инструмент вчера во градот Јорк означи почеток на одбројувањето на 100-те дена до крајот на светот, таканаречената викиншка апокалипса. Прогнозите на нордиската митологија велат дека Судниот ден ќе се случи за точно 99 дена.

Легендата вели дека нордискиот бог Хеимдал дувнал во рогот за да ги предупреди луѓето за опасноста што се приближува. Викинзите верувале дека пред да дојде крајот на светот ќе има три јаки зими меѓу кои нема да има лето, ќе исчезне моралот и ширум светот ќе се водат војни.

Експертите за нордиска митологија пресметале дека Викинзите за крај на светот ја одредиле 22 фебруари 2014 година. Тој ден ќе има земјотреси, нивото на морето ќе се зголеми, а Земјата ќе биде покриена со отров.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi