Ново поколение презервативи: Не го чувствуваш, а го носиш!

popara26 ноември, 201318min00
25

Експерти од универзитетот во Манчестер добиле 100 000 долари од фондот на Бил и Мелинда Гејтс, за да создадат нанопрезерватив.

Презервативот ќе биде изработен од специјален материјал кој наликува на латекс. Овој материјал се тестира од 2004 година со цел да се прилагоди за да може да се употребува во секојдневниот живот. Засега истиот материјал се користи за екраните на мобилните телефони. И ако овој проект биде успешен, мажите конечно ќе го добијат презервативот со кој ќе се чувствуваат исто како да не носат презерватив.

Графенот претставува тенок слој од јаглеродни атоми, соединети со хемиски врски, кои наликуваат на саќе од пчели. Овој материјал е многу отпорен и во исто време многу тенок. Целта на британските експерти е да направат многу потенок и многу поквалитетен презерватив од она што до сега постои, а најважно од се е чувството дека го нема.

Во почетокот на оваа година Гејтс вети да спонзорира ваков проект со кој ќе се намали ризикот од сексуално преносливи болести.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag