Умира од леукемија: Но сепак си ја остварила желбата да се омажи за љубовта на нејзиниот живот…

popara26 ноември, 201318min00
29

Американката Лесли Ривера (18) од Калифорнија си ја остварила последната желба и се омажила за љубовта на својот живот.

Последните неколку месеци се бори со агресивен вид на леукемија. Лекарите и дале уште неколку месеци живот. Откако и ја дијагностицирале болеста нејзиниот новопечен сопруг е постојано покрај неа.

Нејзината последна желба и била да се омажи пред да умре. Фондацијата “Make A Wish“ се погрижила да добие се што сака.

Лесли и Даниел се запознале во 2002 година и од тогаш се неразделни. Сара од фондацијата објаснува дека морале брзо да реагираат со оглед на нејзината тешка здравствена состојба. Ден пред венчавката Лесли добила трансфузија на крв и се било подготвено.

“Гледав како Лесли со насмевка ги поздравува гостите. Едноставно зрачеше. Ги гледав двајцата млади луѓе како вљубено се гледаат. Човек никогаш не би помислил низ што тие двајца поминуваат. Даниел и е целосно посветен. И помага да се движи, ја држи за рака, нема сомнеж дека се создадени еден за друг“ – раскажува Сара.

Следниот ден после свадбата Лесли изјавила дека повеќе не се плаши од смртта. “Јас ја почувствував онаа вистинска, силна љубов, што некој ни за десет животи нема да ја осети…“

Ostvarila želju i udala se za ljubav života