Новото теренско чудовиште – моделот G63 AMG 6×6 од Мерцедес
1 март, 20130
Мерцедес го претстави своето ново теренско чудовиште – моделот G63 AMG 6×6. Како основа послужила воената верзија G класа со погон на 6 тркала, Mercedes G320 CDI.
Токму кога помисливме дека на полето на теренските возила веќе се е видено, Мерцедес настапува со новиот производ. Германската компанија ја искомбинирала конструкцијата од военото возило со 6 тркала, што се базира на G класа, со AMG технологија, со што на потрошувачите би им понудиле врвна цивилна верзија теренец so 6×6 погон.
Кај Mercedes G63 AMG 6×6 се е предимензионирано во однос на стандардните теренци. Возилото има маса 3,775 кг и тркала од 37 инчи.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=hEA02kfdh8o#!