3Д компјутер каков што сеуште не сте виделе

1 март, 20130

Компјутер со транспарентен екран низ кој корисниците можат да ги протнат рацете и да ја допрат дигиталната содржина, претставен е на 27 фебруари на ТЕД конференцијата во Лос Анџелес.

Оваа необична 3Д иновација им овозможува на корисниците да постапуваат со дигиталниот материјал исто како со се она што не заобиколува во реалниот свет.

„Разликата помеѓу она што еден дизајнер го мисли и она што неговиот компјутер може да го направи е голема. Но ако го земете во своите раце дигиталниот материјал, многу појасно ќе можете да ги изразите своите идеи“,  вели Јинџа Ли, еден од предавачите на ТЕД конференцијата кој работел заедно со експертите на компанијата Мајкрософт конкретно за овој производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *