Од што се плашиме: 10 најчести фобии

5 декември, 20130
fobii

Американскиот Национален Институт за ментално здравје објавил дека 10 проценти од вкупната популација на возрасните имаат по некоја фобија. Која и да е причината, сите фобии се лечат, можност со психотерапија, когнитивни и бихејвиорални техники. Во продолжение прочитајте кои се 10-те најчести фобии. Заедничко им е освен постоењето на специфичен објект до ситуација која навира фобична реакција како вртоглавица, мачнина, гибуток на здив, забрзано чукање на срцето и слично.

Арахнофобија – страв од пајаци

Foto : sxc.hu / paulogon

Аранхофобија или позната како страв од пајаци опфаќа и друго потенцијално опасно животно, на пример шкорпија. Најчесто се јавува кај жените,50 проценти отколку кај мажите само 10 проценти. Реакцијата на аранхофобичарите се често ирационални, иако тие не се свесни за својата ирационалност,. Се смета дека оваа фобија е настаната делимично поради инстиктивна реакција која некогаш луѓето на еден начин обезбедувале преживување.

Офидиофобија – страв од змии

Printscreen: youtube/ Fen Chen

Офидиофобијата претставува ирационален страв од змии, ама исто така и од рептили и водоземски животни (поширок термин за ова е херпетофобија). Што има ирационално од страв од опасни животни како што е змијата? Поентата во тоа е што фобичната реакција кај офидиофобичарите може да настане без реално присуство на змија, кога ќе ја замислат па дури и да ја видат на телевизија.

Акрофобија – страв од висина

Foto: Planinski klub Vidlič

Акрофобијата претставува ирационален страв од висина. Поголем број на луѓе не се осеќа пријатно кога се на високо, посебно ако не постои заштитна ограда, а ваква непријатност се смета како природна реакција. Меѓутоа, акрофобичарите осеќаат страв кој по нив може да биде до парализирачка мера, дури и да сакаат да слезат од таму нема да можат, самиот поглед им претставува страв и парализа.. Оваа фобија може да донесе до јаки анксиозни напади и следствено до избегнување на сите објекти кои подразбираат качување, дрво скали или слично Од 2-5 проценти од популацијата ја имаат оваа фобија.

Агорафобија – страв од отворен простор

Foto-ilustracija: FreeDigitalPhotos/graur razvan ionut

Агорафобијата претставува страв од простор од кој бегањето е отежнато. Тоа вклучува места со многу луѓе, отворен простот или ситуација која предизвикува паничен напад – предизвикан од идејата да сме на отворено и да, ако ни се слоши никој нема да ни пријде да ни даде помош. Луѓето со тек на времето почнуваат да избегнуваат секакви ситуации каде може да дојде до реакција на паничен напад до таа мера, да не го напуштаат својот безбеден дом.

Кинофобија – страв од кучиња

Foto-ilustracija: European Parliament

Стравот од кучиња (кинофобија) најчесто настанува како последица од претходно настанати лични искуства со кучиња, како што е на пример каснување или напад од куче, каде стравот се генерализира на сите видови кучиња. Се смета дека кинофобијата е една од најчестите фобии која како фобичен објект имаат животните, а дури 36 проценти од пациентите кои бараат помош за лечење од фобии се баш тие пациенти, кои се плашат од кучиња, па дури и од мачки. Оваа фобија подеднакво е застапена кај двата пола.

Астрафобија – страв од грмотевици

Foto-ilustracija: Foter/Flооd

Астрафобија – тоа е страв од грмотевици, познат како бронтофобија, тонитрофобија и кераунофобија. Претставува ирационален страв од молњи и грмотевици, а од неа страдаат дури и животните!

За разлика од “обичниот” страв од грмотевици, астрафобичарите чувствуваат интензивен страв, дури и кога опасноста за удар на гром е сведена на минимум, при што развиваат силни фобични реакции со треперење, плачење, потење, па дури и напади на паника.

Трипанофобија – страв од инекции

Foto-ilustracija: FreeDigitalPhotos/hyena reality

Трипанофобија, или страв од инекции, како и многу други фобии, често се третира со психотерапија, од едноставна причина што луѓето развиле механизми за максимално избегнување на сите ситуации кои можат да предизвикаат фобична реакција. Оваа фобија може да вклучи не само страв од игли, туку и од други медицински процедури кои вклучуваат игли, па дури и остри предмети.

Стравот од остри предмети, исто така, има свое место меѓу фобиите, а се нарекува енетофобија (поради терминолошката сличност, треба да се разликува од еметофобија која претставува ирационален страв од повраќање).

Социјална фобија

Foto-ilustracija: Foter/balt-arts

Едноставно кажано, социјалната фобија е страв од социјални ситуации. Може да биде толку продорна, што оние кои страдаат од оваа фобија, почнуваат да избегнуваат настани, места и ситуации каде што има и други луѓе и каде што постои можност да ескалира во напад на паника. Социјалната фобија треба да се разликува од стравот од јавен настап.

Социјалната фобија се карактеризира со прекумерен, специфичен и доследен страв или избегнување на социјални ситуации, а вклучува и избегнување на употреба на јавни тоалети, јадење во јавност или било која слична активност во присуство на луѓе.

Птеромерханофобија  

Foto-ilustracija: Foter/JustCallMe_♥Bethy♥_

Можноста за фатален искод на автомобилска несреќа е 100 пати поголем во однос на авионска, а процентот за преживување на авионска несреќа изнесува дури 95,7 проценти. Страв од летање всушност претставува страв од потенцијална авионска несреќа со фатален исход. Може да биде мешавина на неколку други фобии: клаустрофобија (страв од затворени и тесни простори) и акрофобија (страв од висина), но и агорафобија.

Оние кои страдаат од птеромерханофобија, бараат помош тогаш кога се соочени со чести или долги летови, а терапијата која вклучува изложеност, има голем успех во третманот на надминување на овој страв.

Мизофобија – страв од бактерии и нечистотии

Foto: Flickr/clean hands

Мизофобијата, или страв од бактерии, вируси и нечистотија е тесно поврзана со опсесивно-компулсивно нарушување, а најчесто се манифестира со опсесивно миење на рацете и користење на средства за дезинфекција.

Мизофобијата може значително да влијае на секојдневниот живот, а нејзините причинители се уште не се доволно разбрани. Освен со опсесивно-компулсивното нарушување, често со причина се поврзува и со хипохондрија – невротичен страв од болест.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *