Одбила понуда за брак: Бившиот бара да му врати 140 000 евра – пари што ги вложил во неа!

18 ноември, 20130
13

Мери Лакомбе (42), самохрана мајка од Мелбурн одбила понуда за брак од страна на добро ситуиран постар господин, Брус Дастинг (65), после што истиот и испратил сметка во износ од 140 000 евра за се што до сега потрошил за неа.

Лакомбе тврди дека меѓу нив никогаш не се развила романтична врска но дека Дастинг не би се сложил со тоа, тврдејќи дека и плаќал шопинг, часови по зумба, роденденски прослави за неа и нејзиното дете, стоматолошки процедури, па и пластични операции.

Нивниот однос се влошил кога Дастинг ја запросил, а таа го одбила, поради што се почувствувал искористен и тогаш и ги испратил сите сметки кои му ги должи – секој денар што го потрошил за неа.

Таа пак тврди дека тоа биле подароци, кои таа лично не му ги барала и додава дека работела како негова лична секретарка 4 години, а не добила ни денар за таа работа.

Погледнете го видеото:

httpv://www.youtube.com/watch?v=iZz0ldBpgY0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *