Одлични причини зошто треба да спиете голи

popara6 февруари, 20131min00
goli

Десет проценти од американците спијат без ниту едно крпче на себе. Иако на прв поглед делува нездраво, спиењето без облека е многу здраво.

 

Здравје на вагината

Џенифер Ланда, автор на книгата “The Sex Drive Solution for Women” вели дека спиењето без пижами може да биде здраво по прашањето, интимните делови од телото. На пределот на вагината се создаваат бактерии, премногу топлата средина може да предизвика нивно прекумерно размножување.

-Еден од едноставните начини да ја спречите појавата на инфекции е оваа област постојано да ја проветрувате, а спиењето без облека е еден од најдобрите начини тоа да го направите.

 

Подобро ќе спиете

За добар сон потребно е да бидете во поладна средина.

-Температурата на телото постојано опаѓа додека спиете, што е сосема природна тенденција, а ако сте облечени во топла пижама и покриени со дебело ќебе, можете да го нарушите процесот. Ако спиете голи, ќе му овозможите на телото да одржува природна температура.

Ќе бидете секси

Според Наташа Тарнер, автор на книгата “The Hormone Diet” ако ви е премногу топло во текот на ноќта, се попречува ослободување на мелатонин и хормонот за раст кои се главните хормони во телото кои се борат против знаците на стареење.

-Кога температурата на телото опаѓа, хормонот за раст се ослободува и создава буквално регенеративната магија, а поради тоа кожата и косата изгледаат сјајно и здраво – ​​вели Наташа.

Ќе имате поквалитетен секс

Доктор Џенифер Ланда тврди дека спиењето без облека позитивно влијае на љубовните врски. Всушност, лежењето потпирајќи се на кожата на партнерот го зголемува нивото на хормони, како што се окситоцин во телото кој стимулира мазење и страст.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag