Официјален дрес код
Начин на облекување што од жената создава дама! Тоа е официјалниот дрес код. Софистициран начин на облекување кој подлежи на неколку основни правила. Станува збор за костим кој може да биде составен од палто и здолниште или пак во комбинација со панталони. Во најдобриот случај се комбинира со кошула, но подеднакво добро стојат и ролка, блуза или елегантна маичка, во зависност од годишното време. Чевлите мора да бидат класични, фризурата исто така. Шминката треба да биде блага, ненаметлива или едвај приметлива.
Исто така има правило во однос на боите и секако во таа група спаѓаат класичните добро познати бои – црна, бела, сива, мастило или индиго, тегет, кафејава, црвена, а во последно време се додадени и плус бои но ништо нападно.
Еве неколку одлични идеи за тоа како да се појавите на интервјуто за работа или пак како да оставите силен впечаток на некој официјален настан или пак на работното место.