Опсег на колкови 2,5 метри: Мојот сопруг мисли дека сум секси!

15 јануари, 20130
Mikel Ruffinelli copy

Микел Руфинели (39) од Лос Анџелес ги има најшироките колкови во светот, чиј опсег достигнува дури 2.5 метри. Жената која инаку има 190 килограми,  истакнува дека секој ден јаде по 3.000 калории за да ја одржува својата „линија“. Се заколнала дека никогаш нема да биде на диета, а нејзиниот сопруг Реџи Брукс (40), со кој е во брак 10 години, ги обожава нејзините колкови.

– Ја обожавам својата линија и не гледам причина зошто би била на диета, ако немам проблеми со здравјето. Обожавам мексиканска храна, чипс и други намирници. Сопругот ми рече дека изгледам многу секси, а нашиот интимен живот е многу добар – изјавила Микел. Додава дека маж и секој ден и повторува дека ја обожава и дека е прекрасна.

hiplady

– Мажите не сакаат слаби девојки, повеќе сакаат фигура на жена во облик на песочен часовник, заклучила Микел. Жената инаку има проблеми со проаѓање низ врата, сите столици во куќата се прицврстени со железо, а не може да вози ниту автомобил, затоа што не ја собира, туку вози камион, пишува Closer Online.

mikelmain

Како тинејџерка била многу потенка, а почнала да се здебелува по првата бременост кога имала 22 години. Кажуваат дека никогаш немала проблеми со тежината, иако генетски и е наследно да има широки половини. Микел кажува дека се повеќе се здебелувала по секоја бременост, а има четири деца. Го сака своето тело и се помирила со својата тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi