Тајните фантазии на мажите

15 јануари, 20130
maska fantazija
  1. Осми март да се премести на 29-ти февруари – се слави еднаш на 4 години.
  2. Операциите за зголемување на женските гради да се плаќаат од здравствено осигурување и да се задолжителни.
  3. За зачнување на дете да мора да учествуваат истовремено еден маж и четири жени
  4. За да се спречи партнерката од несакана бременост да биде доволно да ги прекрстиш прстите зад грб после сексот.
  5. За да се избегнат забуни, сите жени да носат исто име.
  6. Сите жени се алергични на злато, дијаманти и кожени палта.
  7. Во носовите на жените да има филтри, прикривачи на миризбите на алкохол, пот, кромид и лук.
  8. Бикините да се сметаат за совршена облека за бизнис-дами (дозволено е и само гаќи).
  9. За да се откопча градникот да е доволно да се допре (на произволно место).
  10. Вратоврската да не мора да се врзува, а ременот да се затегнува.
  11. Најмалку еднаш во месецот секој да има загарантирано право да ја запали канцеларијата.
  12. Влакната од носот и грбот лесно и брзо да можат да се пренесуваат на главата.
  13. Сите патишта да се автопати и да немаат ограничување на брзината.
  14. Да има чорапи кои постојат само во комплет – кога ќе се одвојат секој од парот да лази кон другиот.
  15. Капакот од шолјата во wc веднаш да се подига кога ќе станат од неа.
  16. Во секој бар да има задна соба со кревети за луѓето кои не планираат да си одат дома.
  17. Вреќите со ѓубре сами да се исфрлат- доволно е да бидат малку шутнати за да си влезат право во корпата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi