
Состојки
3 јајца
3 филџани шеќер
3 филџани масло
12 филџани брашно (ако тестото е меко, може да се додаде уште брашно)
Прашок за пециво
Шербет:
9 филџани шеќер
8 филџани вода
Подготовка:
Јајцата се матат со вилушка, се додава шеќер и повторно се мати. Се додава и масло и пак се мати. Додадете брашно и прашок за пециво, па измешајте со лажица.
Состојките за шербет добро изматете ги и со течноста посипете ги врелите гурабии.
