Откриен вториот атентатор на Кенеди

25 ноември, 20130
26

Американецот Стивен Бовен од Тексас неколку дена после 50 годишнината од смртта на американскиот претседател Џон Кенеди објавил дека поседува видео снимка каде се гледа засега непознат, втор атентатор на американскиот претседател. Човекот што се занимава со недвижнини тврди дека видеото го добил од продуцент на теливизија во Хјустон, кој го чувал повеќе од 40 години, а сега сака да го продаде на аукција.

“Јасно може да се види човек со пиштол скриен во грмушките“ – вели изворот за интернет порталот Врап.

Господин Бовен верува дека Ли харви Освалд не го извршил сам атентатот на тогашниот прв човек на САД. Тврди дека ова видео би можело да разреши пола век стара мистерија. Агенцијата Герш го застапува Бовен чиј план е приватно да го прикажат видеото на заинтересираните купувачи во текот на следната седмица во Лос Анџелес. На спорниот клип наводно се наоѓаат и оние изгубени и оштетени делови од познатото видео на Абрахам Запрудер продадено на Тајм во 1963.

Чудните оклности пробудиле сомнеж кај многумина кои веруваат дека Освалд не бил сам, а ова видео можеби ќе ги потврди ваквите сомнежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi