Ова е најголемата мистерија на интернет денес!

popara3 декември, 201318min00
5

Во текот на минатите две години мистериозна организација секој 4ти јануари на интернет поставува наизглед непоимлив проблем што пак од своја страна ги привлекува најдобрите светски хакери.

“Бараме човек со висока интелигенција. За да го откриеме направивме тест. Зад оваа слика стои порака. Најди ја, а таа ќе те одведе до нас. Се радуваме на средбата со оние кои ќе успеат да го решат проблемот, а тоа ќе бидат малкумина. Со среќа!“ – гласи пораката потпишана со 3301.

Накрактко, се работи за скриени тајни информации во дигитален фајл. Оној што ќе ја открие шифрата, добива сосема поинаква слика.

Ентузијастите кои оваа мистерија ја нарекле “јазол 3301“ и понатаму се опседнати, а никој до сега не ја решил, па со нетрпение го очекуваат 4ти јануари 2014.

Foto: archive.4plebs.org