Ова мора да го прочитате: Последното интервју на Милан Младеновиќ (ЕКВ)!

20 ноември, 20130
18

Култната фигура на југословенскиот рок Милан Младеновиќ го дал своето последно интервју на 26 ноември 1993 година.

“Сите ние живееме во гето. Јас доста долго живеев во Нов Белград што е едно језиво гето. Секое грдо лице што ќе го сретнеш во твојот живот остава белег. А да не зборуваме за условите во кои живееш, бетонот со кој си заобиколен, па затоа мислам инвалидитетот потекнува од тоа што живееме во нехумана средина.

Foto: Wikipedia / omot EKV albuma

Како ти се снаоѓаш во животот во гето?

Животот овде стана невозможен. Страшно е само тоа што луѓето не се бунат против тоа. Секој се плаши да не го изгуби оној основен минимум, а сега и тој минимум престанува да постои. Многу сум разочаран од луѓето кои дозволија да ги закопаат морално, дозволија да си ги предадат пријателите, и браќата и се живо, и сето тоа да заврши во еден мрачен хаос. Денес видов деца кои цел час чекаа автобус за училиште и не го дочекаа. Се ми личи на чекање на некој автобус да се појави, а всушност треба да се направи нешто конкретно, така да сето тоа заедно е многу страшно: Колку тој основен минимум е поважен од човечкото достоинство кое се повеќе тоне во блато? Понижени, навредени, буквално така.

Foto: Wikipedia / Matija

Колку се сменил овој град?

Јас мислам дека ова не е истиот народ. Нешто тука се случува. Некој жестоко ја усрал работата, дозволил да се прават нечесни работи, баш така, да те туркаат во кал. Сега тука има разни оправдувања зошто тоа е така, зошто луѓето вака се однесуваат, но ова е тотална катастрофа.

httpv://www.youtube.com/watch?v=iuSthfwzjPs

Дали рокенролот може нешто да смени?

Музиката не може ништо конкретно да смени, бидејќи медиумите се преплавени со други облици на псеудокултура. Го изгубивме она малку место што претходно го имавме, но постои одреден круг луѓе кои сеуште се нормални.

httpv://www.youtube.com/watch?v=lukSkOU_5Mc

Албумот “Љубов“ го објасни како албум со кој го враќаш значењето на зборовите?

Зборовите губат значење во однос на тоа кој ги изговара, така да многу работи моментално не можат да се објаснат со зборови, туку со срце. Има многу луѓе, кои се појавуваат во медиумите, и кои се политичари, културни дејци, професори…и кои се вешти на зборови и кои можат да направат впечаток дека ја зборуваат вистината. Верувам дека луѓето можат да препознаат што е лага, а што вистина. Некои работи можат многу едноставно и многу подобро да се почувствуваат, отколку со зборови да се објаснуваат. Но тоа голем дел од луѓето не го знаат, тие веруваат во зборови, тука е проблемот. Треба повеќе да се верува на своето срце, не на зборови.

httpv://www.youtube.com/watch?v=5bJz2Wsot7w

Веруваш ли дека Југославија повторно ќе се обедини?

Не верувам дека наскоро такво нешто може да се случи, бидејќи многу луѓе погинаа, а секој е спремен да ја побара вината во другиот, а не во себе. Кога луѓето ќе научат да гледаат на работите од некој друг агол, не само од својот, кога ќе размислат за тоа дека е возможно да постојат неколку вистини и дека единствена вистина не постои, дека таа е многу ретко на една страна, тогаш, еден ден, можеби во 6800 година, тоа би било возможно. Засега, човечкиот род, сеуште не е на тоа ниво да може да живее во мир, мислам дека е ова природната состојба на работите.

httpv://www.youtube.com/watch?v=UUCMX0CqFjE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi