Флоренс Грубер живее во куќа во Вермонт, САД со околу 40 свињи. Овие денови локалните власти и наредиле од нејзината куќа да ги исфрли миленичињата до 22 јануари оваа година. Инспекторите истакнуваат дека соседите се жалат на лоша миризба.
Оваа жена се согласува дека има премногу свињи и дека некои ќе ги подари, но секако не сака да се ‘ослободи’ од сите свои миленици.
-Никогаш немав во план дека во куќата ќе чувам толку свињи. Сакав само да задржам некои помали видови. Свињите се тивки и мирни и не прават многу врева. Се грижам за нив како да се мои деца – вели Флоренс, која во оваа куќа покрај необични миленичиња живее и со својот партнер Алан.
Оваа жена вели дека лекарите како лек за депресија би требало да препорачуваат чување на свињи пред да препишат одредени лекови, пренесува Daily Mail.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=UBBWsxpNQDg