Оваа фотографија го заобиколи светот: Му помага на слепиот брат, го чува и додека спие!

18 ноември, 20130
21

Кучешката посветеност на човекот, но и на сопствениот вид нема граници!

Низ социјалните мрежи деновиве се распространува крајно трогателна фотографија каде се прикажани две гушнати кучиња како заедно спијат, тоа се двете братчиња, Џефри и Џеремаја, а фотографијата е објавена од страна на американската асоцијација за превенција од брутално однесување кон животните.

Џефри е слеп, а Џеремаја го посветил својот живот на своето слепо братче и постојано му служи како водич, цело време е покрај него и му помага да се движи и ориентира во просторот. Оваа безусловна љубов и посветеност која животните ја покажуваат навистина е фасцинантна, се вели на Фејсбук страната на оваа хумана асоцијација.

Двете кучиња се најдени како лутаат заедно низ улиците на Филаделфија. Асоцијацијата во моментов бара соодветен дом за двајцата и инсистираат оној што ќе ги земе, да ги земе двајцата, не дозволуваат да ги делат.

“Џефри и Џеремаја се сеуште во засолништето и го чекаат својот спасител. Покажете дека имате срце и вдомете ги двајцата“, се вели на фан страната на оваа асоцијација.

httpv://www.youtube.com/watch?v=hrPkPKHM_O0

Foto: Facebook (Chester County SPCA)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi