Овој човек може да издржи 22 минути под вода! (видео)
Стиг Северинсен од Данска во 2010 година скокнал во базен полн со ајкули и успеал да остане под вода цели 20 минути и 10 секунди, со што го руши претходниот Гинисов рекорд. Две години подоцна, незапирливиот Стиг повторно го направил истото. Некако успеал да го надмине сопствениот рекорд, така што издржал под вода 22 минути. Ако постои човек – риба, тогаш дефинитивно тоа е тој.
Стиг е еден вид суперчовек со капацитет на белите дробови од 14 литри, или дупло повеќе од просечниот човек. Вели дека неговата главна вештина е тоа што може да се одвои од своето тело и да ја надмине болката.
“Не сум поразличен од останатите луѓе. Само имам способност да ги “затворам“ сензорите кои регистрираат болка и непријатни чувства“ – изјавил Стиг и додал дека не е кукавица и плачко.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KEM2PmzK7m0