Потребни состојки:
- 250мл слатка павлака
- 100гр шеќер во прав
- 200гр крем сирење
- 1 портокал
Начин на подготовка:
Изматете крем сир со шеќер. Слатката павлака добро изматете ја, па соединете со сирењето. Измијте го портокалот и изрендајте ја кората. Исцедете сок од портокал, па во смесата од сирење и шлаг додадете три лажици сок и изренданата кора. Богато филувајте ги палачинките и свиткајте ги.