Памела Андерсон ја исече долгата руса коса!
3 ноември, 20130
Ѕвездата беше забележана деновиве во Лос Анџелес со супер кратка фризура која целосно и го менува имиџот. Секс бомбата повеќе личи на Чарлиз Терон отколку на себе си.
Очигледно плавушата решила целосно да го смени својот имиџ, бидејќи и комбинацијата што ја носи е во согласност со новата фризура. Наместо разголено деколте, како што сме навикнале да ја гледаме, Пам носи скромно фустанче и блуза закопчана до грлото.
Памела беше во друштво на бившиот сопруг Рик Саломон. Секс бомбата и продуцентот го анулираа бракот во 2008 година, но во последно време ги среќаваат заедно се почесто.