Пинк и нејзиниот сопруг во ново провокативно видео
6 февруари, 20130
Пред неколку часа Пинк го претстави најновиоот видео запис за песната “Just Give Me a Reason”.
“Just Give Me a Reason” е трет официјален сингл на Пинк за 2013 година и е дел од албумот на пејачката “The Truth About Love”.
За “Just Give Me A Reason” пејачката изјави: “Ова е прекрасна песна. Многу се гордеaм со неа. Првично беше замислена само за мене, но ми се чинеше дека има потреба и од друга перспектива. Никој не би можел да биде подобар избор од Нејт”.
Нешто многу интересно, поврзано со спотот на песната – во него зема учество и сопругот на пејачката Кери Харт. Сцените кои ги снимаат заедно се исполнети со многу нежност.