Писмата на човекот што го уби Џон Ленон се продаваат за 75000 долари

popara19 февруари, 20131min00
04

Четирите писма кои се испратени на инспекторот Стивен Спироу од страна на убиецот на Џон Ленон, детално ја опишуваат неговата опсесија и мотицација што произлегува од романот „Ловец во житото“.

Писмата напишани лично од Марк Дејвид Чапман, убиецот на Ленон, се продаваат од страна на аукциската куќа Time за 75 илјади долари.

Чапман писмата ги напишал неколку месеци откако бил осуден на 20 години затворска казна.

Инспекторот писмата добиени од Чапман ги чувал повеќе од 30 години, но одлучил да ги продаде бидејќи му биле потребни финансиски средства поради тешката здравствена состојба и затоа што смета дека јавноста треба да ја знае вистината и деталите околу убиството на Ленон.

„Сакав писмата да ги покажам на светот затоа што се дел од историјата“, објаснува. Спироу (66) немал никаков контакт со Чапман после неговото последно писмо. Чапман (57) во август минатата година за седми пат беше одбиен за предвремено ослободување. За време на судскиот процес Чапман изразил каење поради убиството на Џон Ленон.

 Mark Dejvid Čapman, Lenon,

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *