Дејвид Боуви ги почести своите обожаватели на својот 66ти роденден со нов сингл “Where Are We Now?” со кој го најавува првиот студиски албум по десет години.
Станува збор за новиот сингл Where are we now?, а песната ќе се најде на новиот албум The Next Day кој ќе излезе во март, оваа година. Синглот е снимен во Њујорк, а го продуцираше неговиот долгогодишен соработник Тони Висконти.
Синглот е проследен и со спот кој беше објавен на официјалната веб страна од Дејвид Боуви, а станува збор за своевидна посвета на времето кое Боуви го помина во Берлин, во текот на ’70-те години од минатиот век.
Пејачот нема настапувано од 2006 година, а оттогаш и ретко се појавува во јавност. За потсетување, Боуви одби да се појави на отворањето на Олимписките игри во Лондон минатото лето, а не попушти ни кога беше замолен од страна на режисерот Дени Бојл.
http://www.youtube.com/watch?v=FOyDTy9DtHQ&feature=player_embedded