
Во подрачјето на Краков, јужна Полска се наоѓа мал град, Вијеличка, кој е познат по еден од најстарите рудници на сол во светот. Овој рудник во текот на Втората светска војна е користен како производен погон на германските окупатори.
Од 1978 е под заштита на УНЕСКО и станува една од главните туристички атракции на Полска.
Во рудникот, 101 метар под земјата се наоѓа катедралата Света Кинга изградена во 1896 година. Она што оваа катедрала ја прави единствена е тоа што целите 465 квадрати се изработени од сол.