Може ли навистина да се умре од тага и скршено срце?

21 ноември, 20130
7

Синдромот скршено срце навистина може да предизвика смрт, покажа најновата американска студија. Оваа појава е најчеста меѓу вдовците и вдовиците, а причината е преголем емоционален стрес.

Студијата е направена во соработка со 26000 души кои имале повеќе од 50 години, покажала дека три месеци после смртта на мажот или жената, луѓето кои останале вдовци имаат 66% поголеми шанси да умрат, со оглед на тоа дека повеќето вдовци и вдовици кои учествувале во истражувањето завршиле трагично токму во тој период.

Синдромот скршено срце всушност претставува кардиолошка состојба која настанува после силен емоционален стрес, а огромната промена после загубата на партнерот е погодно тло за таа појава.

Исто така голем проблем после смртта на партнерот е осаменоста која повеќето вдовци тешко ја поднесуваат. Ова е особено изразено кај мажите кои често се жалат дека после загубата, повеќе никој не ги посетува.

Со оглед на тоа дека студијата е направена во соработка со постари лица, не е познато како смртта на партнерот се одразува на помладите лица. Сепак, се покажало дека колку луѓето се помлади кои учествувале во студијата, толку потешко ја поднесувале смртта на партнерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *