За секој гејмер што има Ајфон, Logitech PowerShell е вистинскиот контролер

21 ноември, 20130
6

Една од најголемите фрустрации кога станува збор за мобилниот гејминг е тоа што морате да ги ставите прстите врз екранот за да ја контролирате играта. Екранот на допир ви нуди голем број на можности за работа, но прилично ве ограничува во гејмингот… Logitech се реши да ги превземе работите во свои раце, па затоа дизајнираше еден уред наречен PowerShell. Доколку мислите дека ова е само гејмпад, грешите! Станува збор за еден вид на футрола за вашиот телефон, која е компатабилна со iPhone 5s и iPhone 5. Футролата користи Lightning порт за да се поврзе со уредот, а освен D-pad-от и копчињата наменети за гејминг, футролата е опремена и со батерија од 1500 милиампери. Ова е одлична имплементација од страна на Logitech, бидејќи игрите екстремно брзо ја „цедат“ батеријата – па добро е да имате мала резерва. Она што веројатно нема да ви се допадне е цената на оваа футрола. Се очекува официјално да се појави во декември, но цената на оваа футрола е малку повисока одколку што се очекува, односно за $99 долари може да биде ваша.

httpv://www.youtube.com/watch?v=2PeaKZErohs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit