Погледнете го моментот кога глувата мајка за прв пат го слуша гласот на нејзиниот син!

6 февруари, 20130
glas

Дон Кеим (43) од Тексас, која оглувела пред 15 години, се помирила со тоа дека никогаш нема да го слушне гласот на својот син. Меѓутоа, се се променило кога докторите и го вратиле слихот. Сцената кога мајката за прв пат го слушнала гласот на својот осумгодишен син расплака милиони луѓе ширум светот.

Дон Кеим, мајка на три деца, ја изгубила надежта дека повторно некогаш би можела да ги слушне гласовите на своите постари синови, а кога го родила најмалиот Ашер, била очајна од помислата дека никогаш нема да го слушне неговиот глас.

Се се променило во ноември минатата година, кога во рамките на ток – шоу емисијата “Лекари“ и се укажала шанса да подлегне на операција што ќе и го врати слухот.

Emotional: Asher, 8, breaks down when his mom hears his first words

На институтот за истражување “Хаус“ во Лос Анџелес добила така наречен кохлеарен имплант, електронска направа што се вградува во увото и го овозможува звукот кај глувите лица.

Special moment

“Во мислите го слушав гласот на својот син, но знаев дека всушност неможам да го слушнам. Многу се плашев дека она што ќе го слушнам, нема да биде истиот глас кој досега сум го слушала во мојата глава“, вели таа.

Во епизода од емисијата “Лекари“ емитувана во вторникот, прикажан е емотивен момент кога Кеим прв пат го слушнала гласот на својот најмал син.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi