
Британецот Тони Хиндс (27) купил од најскапите колбаси во познатиот ланец на маркети „Tesco“ во Британија за да ги послужи на својата роденденска забава. Неговата вереница го отворила пакувањето и забележала заб во еден од колбасите. Парот се згрозил од инцидентот и веднаш го пријавиле во маркетот. Според нивната изјава, прво не знаеле што е, но кога подобро погледнале, виделе дека се работи за човечки заб.
По инцидентот, забот бил испратен на испитување, каде било докажано дека навистина се работи за човечки заб. Од маркетите „Tesco “ се извиниле за немилиот инцидент, но изјавиле дека според истрагата, забот не бил во производот кога тој бил донесен во маркетот.
Според нив, сите производи подлежат на метален детектор при производството, така што нема никакви шанси забот да бил во колбасите.
Како компензација за претрпениот шок „Tesco“ им подарил на парот вредносни ваучери од 25 и од 15 фунти. Сепак, тие изјавијка дека сакаат само вистинско објаснување за тоа што се случило, а картичка од 25 фунти за скандалот со човечки заб во производ не е прифатливо.