
Нашата Дани Димитровска, Карим Камел од Египет и Си Лемхаф од Тунис, сите тројца амбасадори на Y-Peer светска мрежа за борба против СИДА, направија уметничко дело.
Песната има арапски карактер, здружувајќи ги нивните традиционални инструменти и ритам, но затоа Дани и дава модерен шарм и моќност на истата изразувајќи го нашиот односно европскиот лик и темперамент.
Песната носи силна порака која ниеден не остава рамнодушен особено во периодот кога во Каиро кога владее брутално насилство врз жените, агресија, протести и нетрпение.
Аранжманот е на Си Лемхаф, ултра популарен бенд од Тунис, музиката заедничка, а Дани е одговорна за својот дел.
Песната ја создале заеднички во Каиро во јули минатата година.
Видеото е снимено во Каиро во периодот на големата револуција – ноември 2012та.
“Never Give Up” има огромно значење за сите тројца артисти истовремено, секој засегнат на свој начин.
Дани вели: “Y-Peer се оние момци и девојки од секаде низ светот кои при секоја средба ме дрмаат со неверојатни реални приказни, со единствената потреба за промени, со борбеноста, трпението, волјата за подобро утро. Не мислам дека направивме премногу, само пљукавме куп емоции за кое се надеваме дека масата ќе ги препознае и барем ќе размисли пред било која наредна нечовечна постапка. Фала на UNFPA од Каиро и Скопје за поддршката и довербата. Тераме даље”
Погледнете го видеото и што би рекла Дани – spread love and share hope