
Ексклузивниот Мовенпик хотел Џумеира Лејк со пет ѕвезди е отворен во најмодерниот град на Персискиот залив – Дубаи.
Џумеира Лејк располага со големо вештачко езеро и се наоѓа во Дубаи Марина, дел од градот кој најбрзо се развива. Во овој дел живеат и работат околу 50 000 луѓе, додека 6500 фирми го користат како деловна база.
Хотелот се состои од 168 соби каде можете да најдете супериор и делукс апартмани за најпретенциозните.
Погледот на Дубаи Марина е специјална одлика на овој хотел, а во близина се наоѓа познатата Палма Џумеира и највисоката зграда Бурж Калифа, сигурно е нешто поради што ќе сакате да отседнете во овој хотел.



