Грег Касарона можел да ја усмрти својата девојка Џен Геракис за време на сексот бидејќи таа занесена од страстта удрила многу јако со главата во зид.
– Мојата прва помисла беше: Ја убив! Прв пат имам секс и Џен е мртва! – раскажува Касарона.
Губењето на невиност за малку фалело да заврши фатално. Момчето и девојката воделе љубов на кревет и обземени од страстта, девојката силно удрила со главата во зид.
Грег веднаш ја префрлил својата девојка во болница каде било констатирано дека се здобила со потрес на мозокот.
Оваа бизарна но вистинита приказна била наречена “Поради секс на ургентен“, а главните актери во оваа приказна биле Грег и Џен кои тогаш имале 21 година.
Останале во врска уште 4 години, но според зборовите на Грег, секогаш кога воделе љубов гледале да бидат подалеку од ѕидовите.
